Владини интернет-страници на Јужна Австралија

Дознајте за интернет-страницата www.sa.gov.au и како да пристапите до владини услуги користејќи ја сметката на mySA GOV и интернет-страницата Service SA на service.sa.gov.au.

Што можат да направат владините услуги за мене?

Освен за да управувате со вашите лични податоци, можете да ги користите владините услуги за да:

  • заштедите пари пријавувајќи се за попусти
  • се пријавите за попусти или картички за попусти
  • најдете загубени пари
  • да проверите кога треба да ја обновите регистрацијата на вашето возило.
Владини интернет-страници на Јужна Австралија

Како да пристапам до електронските услуги во Јужна Австралија?

www.sa.gov.au има информации за сите владини услуги и ви овозможува да пристапите директно до тие услуги.

service.sa.gov.au ви олеснува да пристапите до нештата што ви требаат и може да ве насочи на www.sa.gov.au за да пристапите до некоја услуга.

Апликацијата mySA GOV (mySA GOV app) ви овозможува да пристапите до некои услуги брзо и лесно, и исто така може да ја покажува вашата дигитална дозвола и доказ за вакцинација.

Ако имате тешкотии со интернет-страниците или апликацијата, можете да се јавите на 13 10 84 од 9-17 часот и да разговарате со претставник кој ќе ви помогне да го најдете она што ви треба.

Вашата сметка на mySA GOV

Некои владини услуги ви бараат да се најавите за да го докажете вашиот идентитет. Ќе знаете кога треба да го направите тоа кога ќе ја видите врската за најавување на mySA GOV:

  • кликнете на врската на mySA GOV log in
  • ќе се појави страницата Најавете се (Log in)
  • кликнете на Создај сметка (Create an account)
  • ќе треба да внесете адреса на е-пошта и да создадете силна лозинка
  • кликнете повторно на Создај сметка (Create an account)
  • Погледнете во е-поштата дали имате врска за да ја потврдите вашата сметка.
Кога ја создавате вашата сметка, можете да изберете силна лозинка за да ја заштитите. Бидете сигурни дека не користите лозинка што ја употребувате за друга услуга или сметка.

Како да ја користите mySA GOV за да го докажете вашиот дигитален идентитет

За некои владини услуги задолжително е да го докажете вашиот идентитет со користење на документација. Можете да ја ажурирате вашата сметка на mySA GOV за да функционира како доказ за идентитет. Откако ќе ја создадете сметката:

  • кликнете на Потврдете го идентитетот на... (Confirm the identity for an...)
  • кликнете на Лице (Individual)
  • дадете ги деталите од Возачката дозвола на Јужна Австралија (South Australian driver licence)
  • дадете го 10-цифрениот дигитален број на плаќање за возило (10 digital Vehicle payment number) од Образецот за обновување на регистрацијата на вашето возило.

Ако немате возачка дозвола издадена во Јужна Австралија или ако немате возило регистрирано на ваше име, јавете се на 1300 450 422 во работно време за да добиете помош за потврдување на вашиот идентитет.

Како да управувате со споделените лични податоци

Кликнете на врската Мојата сметка (My account) за да видите некои опции за да:

  • ја смените е-поштата што ја користите за да се најавувате
  • ја смените лозинката
  • додадете безбедносни прашања и да ја направите вашата сметка побезбедна
  • додадете број на мобилен телефон за да добивате текстуални известувања.
ВРВЕН СОВЕТ: Вашата сметка на mySA GOV ви овозможува пристап до дополнителни одлики кога се најавувате на service.sa.gov.au.

Што да правите ако се загубите

Ако не сте сигурни каде се наоѓате на интернет-страницата www.sa.gov.au, кликнете на логото на SA.GOV.AU во горниот лев агол на страницата. Ова ќе ве врати назад на почетната страница на www.sa.gov.au. На некои страници можете да кликнете на логото service sa за да се вратите на почетната страница на Service SA.

Услуги до кои можете да пристапите преку service.sa.gov.au

Service SA ви овозможува да пристапите до услуги поврзани со возење и издавање дозволи како што се:

  • пријава за обновување на возачката дозвола
  • проверка на негативните поени
  • обновување на регистрацијата.

Основни услуги до кои можете да пристапите преку www.sa.gov.au

За да пристапите до некоја услуга, прелистајте ја почетната страница на www.sa.gov.au сѐ додека не ја видите мрежата со категории. Кликнете на категоријата за да видите список со услуги. Некои примери за услуги до кои можете да пристапите вклучуваат:

  • раѓања, смртни случаи и бракови
  • права и закон
  • домување и имот
  • грижа и поддршка

Некои услуги се вдомени на други владини интернет-страници. Можете да забележите дека една интернет-страница ве насочува на друга кога адресата во лентата за пребарување на прегледувачот се менува. Ако во моментот не сакате да се префрлите на друга интернет-страница, кликнете на копчето Назад (Back button) во веб-прегледувачот.

Како да најдете заштеди на www.sa.gov.au

На www.sa.gov.au постојат голем број информации како да заштедите на секојдневните сметки. Напишете заштеди (save) во лентата за пребарување во горниот дел на страницата, за да видите список со резултати што се фокусираат на заштеди.

Како да најдете цени на гориво во вашата близина

Интернет-страницата за Услуги за потрошувачи и бизниси (Consumer and Business Services) има список со апликации и интернет-страници што можете да ги користите за да ги проверувате цените на гориво во Јужна Австралија. Некои од нив имаат апликација, а други вклучуваат и интернет-страница. Овие интернет-страници и апликации за цени на горивото не се поврзани со владата на Јужна Австралија.

Ако го загубите паричникот

Во категоријата Грижа и поддршка (Care and support) можете да најдете Попусти и субвенции (Concessions and grants). Кликнете на нив за да го видите Наоѓачот на попусти (Concession finder), кој ви помага да се пријавите за попусти, вклучувајќи:

  • Картичка за попуст за превоз (Transport Concession Card)
  • картичка на Жител на станбена област (Residential parks resident)
  • Пензионерска картичка (Senior’s card).

Како да ја користите страницата Услуги од А до Ш (Services A to Z) за да најдете попусти

Најлесен начин да ги видите сите попусти достапни на едно место е да ја користите страницата www.sa.gov.au Услуги од А до Ш (Services A to Z). На почетната страница www.sa.gov.au:

  • кликнете на За SA (About SA)
  • кликнете на Услуги од А до Ш (Services A to Z)
  • На страницата што се појавува, кликнете на Олеснувања, попусти и помош (Concessions, rebates and grants)
  • Ќе се отвори еден панел што ги покажува сите достапни попусти.

Како да најдете загубени или непобарани пари

Интернет-страницата MoneySmart на Австралиската комисија за хартии од вредност и инвестиции (ASIC) на адресата moneysmart.gov.au ви помага да побарате загубени пари. Ова може да се однесува на загубени банкарски сметки, акции, инвестиции и полиси за осигурување на живот. Интернет-страницата MoneySmart исто така објаснува како да ја користите my.gov.au и ATO за да побарате загубени придонеси за старосна пензија.